Трансфер лудилото во фудбалска Европа е на сцена. Меси, Грилиш, Лукаку, Хакими, Џеко, Кејн, Лаутаро…кој уште?
Сепак се чекаат и трансферите на Мбапе и Халанд за да ова лето 2021 година биде историско на трансфер пазарот.
Ммбапе е “резервиран“ за Реал Мадрид, дали ова лето или наредното тој мега трансфер се чини дека е готов. Затоа прашањето околу Халанд се добива на динамика.
Најново е тоа, барем според медиумите во Германија, дека и Баерн Минхен силно се заинтересирал за офанзивецот на Борусија Дортмунд.
Дека е така говори изјавата на Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн.
“Халанд? Говориме за еден врвен напаѓач, еден од најдобрите во светот. Јасно е дека би биле аматери ако не би размислувале за негов трансфер“ изјавил популарниот Брацо.










