Гвардиола по поразот ги нападна УЕФА и ФИФА

1100

Лестер по вторпат во својата клупска историја го освои ФА Комјунити Шилд, откако го совлада Манчестер Сити со 1-0. На овој начин фудбалерите на овој клуб успеаја да го повторат успехот од далечната 1971 година, кога единствен пат досега го освојуваа овој трофеј. Победничкиот гол го постигна Ихеначо во 89. минута од белата точка.

По поразот тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола ги обвини ФИФА и УЕФА.

„Одново доцниме со сите работи, бидејќи ФИФА и УЕФА не им дозволија на фудбалерите да имаат одмор. Допрва треба да се приклучат седумина играчи, Родри одработи само два тренинзи…И минатата година поради ова бевме поразени од Вулверхемптон, примивме пет гола“, рече Гвардиола.

И покрај поразот верува дека Сити го чека уште една одлична сезона.

„Сакавме да победиме, одигравме добар меч, особено ако се земе во предвид младиот состав и проблемите на стартот на подготовките. Ќе биде подобро во недела, наша цел е по репрезентативната пауза да освоиме што повеќе бодови. Од она што го видов денеска сигурен сум дека ќе имаме успешна сезона“.

ПретходноФранцуска ракометна доминација во Токио: Златен медал и за дамите на ОИ
СледноЛапорта се фотографираше со навивач и го откри новиот тим на Меси (ВИДЕО)