Кејн се врати во Лондон, Тотенхем го стави во карантин

389

Напаѓачот на лондонски Тотенхем, Хари Кејн се вратил во клубот вчера, објавија англиските медиуми.

Кејн ќе биде во карантин до четврток и дотогаш ќе тренира индивидуално. Тотенхем го очекуваше Кејн да се врати во понеделникот, но тој не се појави. Хари ги пропушти претсезонските тестови и остана на одмор на Бахамите пред патувањето со клубот во Соединетите американски држави. Поради оваа причина, фудбалерот сега ќе мора да остане во карантин.

Тотенхем има намера да го казни за отсуството, а и натаму продолжуваат шпекулациите дека англискиот голгетер се подготвува да си замине од Лондон.

ПретходноАгуеро се огласи по најавите дека ќе ја напушти Барселона поради Меси?
СледноСтефан Колоски ја засили левата бековска позиција на Голден Арт КЛ7