Зенит донесе олимписки шампион за 15 милиони евра

389

Рускиот шампион Зенит од Санкт Петербург ги засили своите редови со бразилски играч за врска за кого плати 15 милиони евра. 24-годишниот Клаудињо е новиот фудбалер на Зенит кој потпиша договор до јуни 2026 година, а доаѓа од тимот на РБ Брагантино, клуб кој е под капата на гигантот Ред Бул.

Клаудињо со олимписката репрезентација на Бразил го освои златото во Токио, а веднаш потоа Зенит објави дека тој е нивен нов фудбалер. Инаку Клаудињо пред РБ Брагантино играл за Понте Прета и Коринтијанс. Играл и за младинските тимови на Сантос.

 

Претходно„Пандевци“ освоија само бод против Струга (видео)
СледноАкраповиќ по ремито со Тиквеш: „Фудбалот се игра за голови, а ние се изнапромашувавме“