Полувреме: “Жешко“ е во Штип, “лавот“ Воша прв “тресеше“ во новата сезона…

871

Завршија првите полувремиња од петте натпревари од 1.коло во новата сезона. На дербито во Штип агресивна игра, и двете страни посакуваат гол, но „жешко“ ќе биде и во вториот дел во Штип. Брегалница и Шкупи се надигруваат, но мрежите мируваат.

Стрелец на првиот гол во новата сезона е Арбин Воша, со што на Македонија ЃП и донесе водство од 1:0 против Пелистер. Тој гол падна во 22.минута.

Води и Работнички со голот на Ристевски, кој убаво со глава шутираше во мрежата на Борец.

Ренова и Скопје во Тетово играат отворен меч со шанси на двете страни, но без голови.

Исто е и во Прилеп, каде Шкендија му гостува на Тиквеш кој храбро се впушти во битка со шампионот. И таму нема голови.

Вечерва во Струмица, во 20 часот играат А. Пандев и Струга ТЛ.

ПретходноСалихамиџиќ: Би биле аматери ако Баерн не размислува за Халанд!
СледноМанчестер Ј. го испрати Туанзебе на позајмица во Астон Вила