Во обид итно да најде достојна замена за Лукаку кој с евраќа во Челзи, Интер се обидува да го купи 25-годишниот француски напаѓач на англиски Манчестер Јунајтед, Ентони марсијал.
Весникот „Сан“ пишува дека италијанскиот шампион е подготвен да плати 59 милиони евра за Марсијал.
Минатата сезона, Французинот одигра 36 средби за Манчестер Јунајтед на кои постигна седум гола и имаше уште девет асистенции. Неговиот договор со англискиот клуб е со важност до 30 јуни 2024 година и најверојатно нема да биде продолжен во скоро време, што е знак плус дека Марсијал би можел да биде продаден ова лето.
Интер веќе работи на комплетирање на договор со уште еден напаѓач, Един Џеко од Рома.