Лионел Меси е веќе во Париз, и во следните неколку часови ќе треба да комплетира договорот со тимот на ПСЖ, јавува „Лекип“.
Аргентинецот вчера имаше емотивна разделба од Барселона, а веќе денеска би можел да потпише, а промоцијата да се случи утре на Ајфеловата кула, која е закупена од страна на ПСЖ.
Договорот ќе биде на 2+1 година, а од тој договор Меси би требало да заработи некаде околу 120 милиони евра.