Неверојатно: Минатата сезона одигра 73 натпревари а доби само два дена одмор!!!

378

Талентираниот фудбалер на Барселона, Педри, во минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери во редовите на каталонскиот клуб. Играше и на ЕУРО 2020, а настапи и на Олимпијадата во Токио. Се на се одигра вкупно 73 официјални меча во минатата сезона, што навистина е неверојатно и фрапантно. И кога очекуваше подолг одмор, тој од стручниот штаб на Барселона доби само два дена слободни по кои ќе мора да дојде на тренинзите во пресрет на новата сезона. Тој во среда мора да се појави во клубот.

Ова за еден тинејџер навистина е премногу.

Инаку Педри во минатата сезона одигра најмногу мечеви од сите професионални играчи во светот, следува Бруно Фернадес од Манчестер Јунајтед со 72 меча, па Маунт од Челзи со 69, потоаГризман од Барселона со 68.

ПретходноОхрид се засили со Борјан Пановски!
СледноФото на колото: Акробациите на дефанзивецот на Борец!