„Не ми е јасно како некој не сака да игра за својата држава, да застане пред химната“, кажа Гечевски

4494

Спортскиот директор на КФСМ Тодор Гечевски, исто така го истакна своето разочарување од односот на Ненад Димитријевиќ.

Но не само за Нено, Гечевски коментираше и за Михаил Наумоски и Дино Боцевски кои исто така не се појавиле на подготовките, иако добиле повик.

„Минав многу години во репрезентацијата и кога бевме на врвот, и на дното. Играв во секакви услови затоа што секогаш дресот со државниот грб ми беше светост. Неразбирливо е да не сакаш да играш за својата земја, да одбиеш да го облечеш дресот и да стоиш пред химната. Зарем немаат мотив да го израдуваат македонскиот народ како што направивме ние во Литванија?“, изјави Гечевски на денешната прес-конференција. 

Претходно своето разочарување од Димитријевиќ го искажаа и претседателот Антиќ и селекторот Бајиќ кои кажаа дека Нено не се појавил на договорениот термин.

 

ПретходноАнтиќ: Многу сум разочаран од Димитријевиќ, но засега нема да го казнуваме
СледноКарасев ќе го суди УЕФА Суперкупот меѓу Челзи и Виљареал