Струга ТЛ синоќа за првпат во историјата на клубот играше под рефлектори!

393

Вчера некој на +40 степени Целзиусови, а некој како А. Пандев и Струга Трим Лум играа во вечерен термин, под светлоста на рефлекторите. И секако дека попријатно беше. И затоа тој меч во Струмица на стадионот „Благој Истатов“ беше со силен ритам, се играше отворено, “паднаа“ два убави голови.

Интересно, Струга Трим Лум за првпат во својата куса историја, клубот е основан во 2015 година, играше под рефлектори на еден официјален меч.

Се виде што значат временските услови за одигрување на еден фудбалски натпревар. Навистина беше убаво, токму и затоа и двете екипи одиграа добар, квалитетен меч. За жал ние во Струга немаме таква можност. На градскиот стадион во Струга нема рефлектори, а нема ни во околината. Затоа апелирам до надлежните што побргу да се стават, за да и ние Струга Трим Лум играме од 20 или 21 часот, а не во 17 часот кога температурата е над 40 степени Целзиусови. И тие мечеви, посебно во август и септември кога има туристи во нашиот регион, ќе бидат и тоа како посетени. Затоа уште еден апел што побргу, не да се размислува, туку веднаш да се реагира и да се постават рефлектори на стадионот во Струга“ ни изјави спортскиот директор на Струга Трим Лум, Бесарт Исаку.

ПретходноМурат Јакин нов селектор на Швајцарија
СледноПо заминувањето на Меси: Вредноста на Барселона ќе падне за 11%!