Антиќ: Многу сум разочаран од Димитријевиќ, но засега нема да го казнуваме

1729

На прес-конференција на која говореа претседателот на КФСМ Перо Антиќ, и селекторот на кошаркарската репрезентација Драган Бајиќ, истакнаа дека се многу разочарани од односот на Ненад Димитријевиќ, кој без никакво образложение не се појавил на собирот и не играл за Македонија.

„Ептен сум разочаран од Димитријевиќ. Стоев зад него уште како мал, и му давав поддршка. Но, нема да одиме со казни, барем не засега, иако ќе ги разгледаме сите опции според правилникот“, истакна Антиќ. 

Бајиќ исто така коментираше:

„Се додека сум селектор ќе го повикувам Димитријевиќ, а јавноста нека осуди ило пофали со оглед на неговото однесување“, рече Бајиќ. 

„Разговарав со него и му објаснив дека го сметам за лидер на оваа селекција. Му кажав дека сериозно сметаме на него, а потоа добив повик од неговиот менаџџер дали може да се приклучи подоцна, на 28. јули поради тешката сезона. Се согласив, но не можам да сфатам дека момче од 23 години бара одмор, но ете, преминав и над доа. Димитријевиќ не се појави кога вети и тоа е крај на приказната. Јас нема да се жалам ниту да барам казна за него“, кажа селекторот Бајиќ. 

ПретходноКаталонска колонија во Висел Кобе: И Бојан Кркиќ оди кај Иниеста
Следно„Не ми е јасно како некој не сака да игра за својата држава, да застане пред химната“, кажа Гечевски