Барселона стави на продажба уште еден фудбалер, а се работи за младиот играч од средниот ред Илаиш Мориба. Како што објави претседателот Хуан Лапорта, Барселона е во тешка финансиска ситуација и не може да си дозволи големи фудбалски ѕвезди. Затоа и Лео Меси не го продолжи договорот со каталонскиот клуб.
Каталонскиот клуб претходно ги продаде Џуниор Фирпо во Лидс, Тодибо во Ница, Алења во Хетафе, Миранда во Бетис и од нив заработи 28 милиони евра.
Сега на излезна врата е и 18-годишниот Мориба кој од јануари оваа година, па до сега одигра 14 натпревари. Се работи за младински шпански репрезентативец иако е роден во Гвинеја.
Во јануари 2019 година и покрај интересот на Сити и Јувентус, Илаиш го продолжи договорот со Барселона која воедно му стави откупна клаузула од 100 милиони евра. Сега бара меѓу 15 и 20 милиони евра.
Германски РБ Лајпциг е заинтересиран за него.