Според денешните пишувања на бугарските медиуми, централниот дефанзивец на бугарскиот прволигаш Черно Море, Влатко Дробаров може да добие повик за настап во репрезентацијата на Бугарија. 28-годишниот наш интернационалец има бугарски пасош, посочуваат бугарските медиуми, па според тоа непречено може да настапува за Бугарија, откако за Македонија има настапи за сите младински селекции.
Селекторот на Бугарија, Јасен Петров се уште нема објавено кого ќе повика за септемврискиот квалификациски циклус за СП.
„Од утринава телефонот постојано ми ѕвони со прашања од бугарските медиуми дали ќе играм за Бугарија, но јас досега не сум имал никаково контакт, ниту пак сум добил повик од некого од Бугарската федерација“, вели Дробаров.