Горица го промовира Стојановски

985

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски е нов играч на хрватскиот прволигаш Горица. Како што најави „Спортмедиа“ уште пред две недели, сега информацијата доби официјална потврда.

Стојановски потпиша договор со Горица до 2024 година. Неговиот нов клуб по четири кола во новата сезона има две победи и два порази.

Инаку Стојановски претходно играше во Хрватска и тоа во РНК Сплит и Дугопоље, а потоа се врати во Ренова каде имаше неверојатна сезона што му овозможи трансфер во француски Ним. Во овој клуб не се изнаигра, па замина на позајмица во Шабли, а сега направи трансфер во Горица.

ПретходноХаланд дефинитивно останува, но неговиот трансфер во 2022 година веќе одекнува
СледноЕХФ прашува: Дали Вардар 1961 е посилен од минатата сезона?