Го бараше цела Европа, но се реши да остане во Фиорентина

229

Србинот Душан Влаховиќ, беше на „мета“ на неколку големи европски клубови во изминатиот период.

Меѓутоа согласно последните информации, Србинот на крајот ќе остане меѓу „виолетовите“ и дури ќе потпише нов договор.

Неговиот договор со Фиорентина истекува во 2024 година, а Фиорентина планира да го продолжи до 2025, со откупна клаузула од 70 милиони евра.

Според новиот договор, Влаховиќ ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

ПретходноДиак замина од Шкупи и продолжува во Турција
СледноМеси стигна во Париз, наскоро потпис