Диак замина од Шкупи и продолжува во Турција

809
Досегашниот играч на Шкупи, Ламине Диак си заминува од тимот на Чаир. Неговиот нов клуб е Тузласпор од Турција.
Играчот од средниот ред две години беше дел од Шкупи, и сега реши дека е време за нова средина.
Шкупи му се заблагодари за она што го даде за екипата.
„Има договор меѓу Шкупи и Тузласпор за трансфер на фудбалето Ламине Диак. Диак беше дел од нашиот тим две години, и му благодариме за секој убав момент кој го мина, и му посакуваме многу успеси во новиот тим“, се вели во соопштението од Шкупи.
ПретходноКарасев ќе го суди УЕФА Суперкупот меѓу Челзи и Виљареал
СледноГо бараше цела Европа, но се реши да остане во Фиорентина