Како Рафаел Надал гледа на заминувањето на Меси?

683

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се огласи по повод заминувањето на Лионел Меси од Барселона. Тој е познат како добар познавач на фудбалските случувања, но и голем фан на Реал Мадрид.

„Светскиот фудбал има големи проблеми во економска смисла. Ги разбирам причините поради кои Барселона не можеше да го задржи најдобриот фудбалер. Ова е многу тажно за сите љубители на фудбалот во Шпанија. Му посакувам се најдобро“, изјави Надал.

Лионел Меси во следните денови треба да биде промовиран како ново име на ПСЖ, денеска фановите на овој клуб го чекаа на аеродромот во Париз, но бадијала, тој на слета.

ПретходноРакометарките до 17 години ја „растурија“ и Литванија
СледноХаланд дефинитивно останува, но неговиот трансфер во 2022 година веќе одекнува