Швајцарија има нов селектор. Долгогодишниот репрезентативец на оваа земја Мурат Јакин, е именуван за нов предводник на швајцарската репрезентација.
Јакин досега го водеше тимот на Шафхаузен од каде замина да го превземе националниот тим.
Тој доаѓа на местото на Владимир Петковиќ, кој што после ЕУРО 2020 ја прифати понудата од Бордо.