Спортскиот директор на КФСМ Тодор Гечевски, исто така го истакна своето разочарување од односот на Ненад Димитријевиќ.
Но не само за Нено, Гечевски коментираше и за Михаил Наумоски и Дино Боцевски кои исто така не се појавиле на подготовките, иако добиле повик.
„Минав многу години во репрезентацијата и кога бевме на врвот, и на дното. Играв во секакви услови затоа што секогаш дресот со државниот грб ми беше светост. Неразбирливо е да не сакаш да играш за својата земја, да одбиеш да го облечеш дресот и да стоиш пред химната. Зарем немаат мотив да го израдуваат македонскиот народ како што направивме ние во Литванија?“, изјави Гечевски на денешната прес-конференција.
Претходно своето разочарување од Димитријевиќ го искажаа и претседателот Антиќ и селекторот Бајиќ кои кажаа дека Нено не се појавил на договорениот термин.