Од Верона, Рома, Торино, преку Мексико до грчки Арис

643

Крилниот напаѓач Хуан Итурбе кој кариерата ја градеше во неколку европски клубови, по авантурата во Мексико се враќа во Европа но сега во Грција. Се работи за играч кој е роден во Буенос Аирес меѓутоа настапува за репрезентацијата на Парагвај. Почна во Серо Портењо, речиси да не играше за Порто, па отиде во  Верона, па во Рома, па Торино, па од таму во три мексикански клубови Тихуана, УНАМ Пумас и Пачука, а сега се врати во Европа поточно отиде да игра во Грција со тоа што потпиша договор со Арис од Солун.

Арис е вистинска колонија на странски фудбалери, има Грци, Аргентинци, Бразилци, Шпанци, Романец, Босанец, Швеѓанец, Австриец, Австралиец, играчи од Тунис и Гана…

Ова лето Арис се засили со Изет Хајровиќ од Динамо Загреб, голманот Денис од португалски Жил Висенте, левиот бек од Гана Лумор кој дојде од Спортинг Лисабон и бекот Фабијано од Денизли.

ПретходноБарселона продава уште еден фудбалер
СледноЛион го има наследникот на Депај, а тоа е Џердан Шаќири!?