Освојувачот на Лига Европа го продолжи договорот со својот најдобар напаѓач

225

Фудбалскиот клуб Виљареал потврди дека напаѓачот Џерар Морено потпишал нов договор со клубот до 2027 година. Со тоа шпанскиот напаѓач се обврза да игра за „жолтата подморница“ се до своите 35 години.

Морено се врати во Виљареал летото 2018 година од Еспањол за 20 милиони евра, а претходно играше за младинските категории на „жолтата подморница“.

Всушност во Виљареал и во Еспањол ја помина целата кариера со исклучок на кратка позајмица во Мајорка.

По фантастичната претходна сезона во која Морено го предводеше Виљареал до трофејот во Лига Европа, клубот одлучи да му даде нов договор. Во среда Виљареал ќе има шанса за нов европски трофеј затоа што игра Суперкуп на Европа против Челзи.

ПретходноЛион го има наследникот на Депај, а тоа е Џердан Шаќири!?
СледноТифозите на Интер до Лукаку: Ист си како другите, трчаш по пари