Од денеска ФК Охрид, второлигашот во западната конкуренција, има ново име во своите редови. Тоа е дефанзивецит Борјан Пановски кој дојде во Охрид од редовите на Тетекс каде настапуваше како позајмен играч.
Со Пановски во дефанзивата тимот на Охрид добива на квалитет и освежување.
Да потсетиме дека пред два месеци Охрид за малку не успеа во бараажот, на мечот со Ренова, да се пласира во ПМФЛ.