НБА кошаркарот Ајзеа Томас постигна неверојатни 81 поен на натпреварот на CrawsOver летното натпреварување кое се одржува екоја година во Сиетл и на кое редовно учествуваат дел од познатите НБА имиња.
Томас постигна 65 поени на својот прв натпревар во полупрофесионалната кошаркарска лига на Атланта (АЕБЛ) минатата недела, а потоа имаше уште еден извонреден перформанс на овој летен турнир.
Томас минатата година имаше само 10-дневен договор со екипата на Њу Орлеанс, а летово се зборува дека следната сезона може да заигра во дресот на Бостон, каде играше од 2015 до 2017 година.
Томас го пропушти поголемиот дел од изминатата сезона, но сега покажува дека полека се враќа во неверојатна шутерска форма.
.@isaiahthomas dropped 81 POINTS in a Pro-Am game 😳
(via @Ballislife) pic.twitter.com/1yYyNVJ6IV
— SportsCenter (@SportsCenter) August 8, 2021