Нови главболки, нови проблеми во Барселона. Откако го загубија својот најдобар играч во историјата на клубот, Лео Меси, тие не ќе можат да сметаат барем во првиот дел од новата сезона и на Серхио Агуеро. Засилувањето од Манчестер Сити.
Најавите велат дека тој ќе биде во аут дури до ноември. Имено лекарските прегледи покажале мускулот на ногата не е како што треба, напротив, и дека го чека долга пауза.
Ова е нов удар за тренерот Куман и каталонскиот клуб.