31-годишниот босански репрезентативец, Миралем Пјаниќ, е подготвен да оди и на своја штета, само за да ја напушти Барселона и да с еврати во Јувентус.
Како што објавија италијанските медиуми, Пјаниќ кој има плата од 8,5 милиони евра по сезона според неговиот сегашен договор, е подготвен да ги намали барањата за 20% за да се врати во редовите на „Старата Дама“.
Јувентус сега чека дозвола од Барселона за трансфер на играчот со позајмица со опција за откуп на крајот на сезоната.
Пјаниќ се пресели во Барселона летото 2020 година, откако потпиша четиригодишен договор.