Александар Ставрев е делегиран од УЕФА да дели правда на дуел од Лигата на Европа овој четврток.
Ставрев ќе биде главен судија на дуелот меѓу Анортозис и Рапид Виена, во рамките од реванш дуелот на Лигата на Европа. Мечот се игра во 19 часот.
На Ставрев помошници ќе му бидат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека ќетврти судија ќе биде Игор Стојчевски.
Првиот меч го доби Рапид Виена со 3:0.