Тифозите на Интер до Лукаку: Ист си како другите, трчаш по пари

1289

Навивачката група на Интер „Курва Норд“ испрати порака до Ромелу Лукаку кој одлучи да си отиде од „Џузепе Меаца“ и да се врати на „Стемфорд Бриџ“. Белгиецот не се снајде во Челзи претходниот пат па мораше да се докажува во други клубови, во Интер имаше одлична сезона, ја освои титулата, а сега одлучи да ги прифати милионите на Челзи.

А тифозите на Интер не му го забораваат овој потег и му порачаа:

Мислевме дека си поинаков, по чесен и транспарентен. Ти верувавме, ти дававме поддршка те дочекавме како наш син, како дел од нас, но ТИ докажа дека си како сите други, трчаш по пари.

Ти посакуваме се најдобро, а запомни дека алчноста некогаш не се исплати. Интер е над секого па и над тебе“, пишува меѓу другото во пораката на „Курва Норд“.

Лукаку веќе летна за Лондон и се очекува утре да го комплетира трансферот во Челзи.

ПретходноОсвојувачот на Лига Европа го продолжи договорот со својот најдобар напаѓач
СледноДалас го врза Дончиќ со 207 милиони долари за историја