Уште еден допинг случај во Токио: Направил трансфузија на крв пред трката на 1500 метри

223

Бахреинскиот тркач на средни патеки, Алсадик Миху е привремено суспендиран поради примање трансфузија на крв пред настапот на Олимписките игри во Токио.

Миху настапи на трката на 1.500 метри минатиот вторник, но не успеа да обезбеди пласман во завршните трки, откако во квалификацискиот дел беше само осми со време од 3:42.87 минути.

Врз него бил направен тест ден пред траката и според денеска објавените анализи од Меѓународната агенција за тестирање (ИТА) стана јасно дека неговиот наод е позитивен на допинг.

„Примерокот беше собран од ИТА за време на вон-натпреварувачка антидопинг контрола на 2 август 2021 година во Токио, Јапонија. Резултатот беше пријавен од лабораторија акредитирана од ВАДА на 6 август 2021 година“, се вели во соопштението на ИТА.

Миху е третиот спортист кој падна на допинг тест во Токио.

ПретходноТОКИО 2020: Најскапа олимпијада, празни трибини и неколку рекорди кои ќе се паметат
СледноПех за Ливерпул: Робертсон го свитка скочниот зглоб, го чека подолга пауза?