Последните, иако неофицијални, информации велат дека Лео Меси сепак се уште е во Барселона и дека денеска нема да дојде во Париз. Првично беше објавено дека Меси веќе стигнал во Париз и до вечер ќе се официјализира трансферот, сепак тие информации биле неточни.
Па така се очекува Лео дури утре да пристигне во “Градот на светлината“. Иако и оваа информација треба да се земе со голема резерва.
Тоа значи дека илјадниците фанови на ПСЖ, кои денеска го чекаа на аеродромот “Бурже“ ќе мора да се стрпат до утре.
ФОТО: twitter