Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн ќе биде во конкуренција за дербито на првото коло во Премиер’лигата против Манчестер Сити, индиректно најави новиот менаџер на лондонскиот клуб, Нуно Еспирито Санто.
И покрај фактот што англискиот напаѓачво саботата се врати на тренинзите на Тотенхем, тој ќе биде подготвен за неделната пресметка во Лондон.
Минатата недела се чинеше дека еден од најдобрите напаѓачи на денешницата тешко ќе се врати на време, , но работите се променија претходните денови, за што сведочат зборовите на португалскиот стручњак.
„Сите играчи кои тренираат ќе бидат во опција за мечот“, изјави Санто.