Дробаров: Ќе прифатам да играм за Бугарија, политиката не ме интересира!

1688

Една од топ – темите во фудбалска Бугарија е можностa Македонецот Влатко Дробаров да заигра за репрезентацијата на Бугарија. Спортмедиа уште изутрина имаше изјава од страна на самиот фудбалер кој сега игра за Черно Море.

Сепак попладнево тој за бугарските медиуми го кажа и следното.

Зошто да не? Ќе прифатам да играм за репрезентацијата на Бугарија. Се разбира ако добијам повик. Едноставно политиката не ме интересира. Нема ништо чудно“ посочил Дробаров.

Инаку целата фама се дигна и поради моментално не така добри односно меѓу двете земји во последно време.

ФОТО: Sportal.bg

ПретходноДинамо со Адеми отпатува во Варшава на дуелот со Легија!
СледноПроблеми за Барса: Агуеро потешко е повреден, ќе почека на дебито!