ТИМ НА 1.КОЛО: Делов ја сопре Шкендија…

2587

Многу топло време, не толку квалитетни игри и изненадувања уште на стартот. Шкупи не победи на гости кај Брегалница, Шкендија не победи на гости кај Тиквеш. А една од главните причини зошто шампионот не го победи Тиквеш е и искусниот стопер Методија Тоше Делов. Едноставно блескаше во дефанзивата против силните тетовци, па така  заедно со голманот Тофилоски покажаа како се игра за дресот кој што го носиш.

Токму затоа Делов е играч на колото.

Покрај него и Тофилоски, во тимот на колото се и Манев и Георгиев од Брегалница, Ристевски и Тодоровски од Работнички. Потоа Воша од Македонија ЃП, Селмани од Ренова, Кировски од Скопје, Мирчевски од А. Пандев и Скендери од Струга ТЛ.

ИГРАЧ НА КОЛО

МЕТОДИЈА ДЕЛОВ

Тим: Тиквеш

Роден: 02.06.1993 во Кавадарци

Кариера: Вардар (Н), Кожуф, Кариана (БУГ), Тиквеш

ПретходноСтаврев ќе суди Лига на Европа во Ларнака
СледноДинамо со Адеми отпатува во Варшава на дуелот со Легија!