Вујовиќ: Да одиграме добро и да го освоиме трофејот од Суперкупот

284

Утре Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го одиграа мечот во Суперкупот во Скопје. Тоа ќе биде прв официјален меч за двата тима, откако досега одиграа неколку контролни натпревари.

Тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ вели дека ја почитуваат екипата на Еурофарм Пелистер, и дека утрешниот ќе биде европски натпревар.

„Еурофарм Пелисер ќе ни биде и наш конкурент за титулата во Суперлигата. Тие и минатата сезона одиграа важна улога во Европа и во македонската лига. Без оглед на тоа што ја темпираме формата за СЕХА натпреварите, наша обврска е да одиграме добро и да го освоиме Суперкупот. Не размислувам со каков резултат ќе победиме, иако нашите навивачи сакаат тоа да биде со поголема разлика, но ајде да видиме во каква форма сме. Не знам какви се правилата и дали и колку публика ќе има во салата. Секогаш имам емотивна средба со Комити, и знам дека колку и да бидат, ќе ме поздрават. Го почитуваме противникот, а сигурен сум дека ќе биде ова европски натпревар“, кажа Вујовиќ. 

Тој рече дека шансите се 50-50.

„Нема време многу за воигрување, а сигурно дека и Бабиќ го има истиот проблем. Ја познавам екипата на Еурофарм Пелистер, и мислам дека односот на силите е 50-50. Убаво е да ги видам моите играчи како ќе одиграат во такви услови. Не се оптоварувам многу, но би сакал да го освоиме трофејот“, изјави Вујовиќ. 

Мечот се игра утре во „А1 Арена Борис Трајковски“ во 19 часот.

ПретходноПике за атмосферата во Барса по Меси: Не е баш најдобро…
СледноЃорческа со победа стартуваше во Белгија