Лука Дончиќ денеска потпиша нов договор со Далас Маверикс, вреден 207 милиони долари. Ова на фотографијата е Словенецот како го потпишува еден од најголемите договори во историјата на спортот за НБА клубот од Тексас.
Со овој договор Дончиќ се обврзува во наредните пет сезони да го носи дресот на еден од најголемите кошаркарски клубови во НБА лигата.
Да потсетиме дека газдите на клубот допатуваа специјално во Љубљана да го потпишат договорот со Лука.
“Денеска ми се оствари сонот. Кошарката ми даде многу. Јас сум среќен што и натаму ќе останам во Далас“ рече покрај другото Словенецот за ЕСПН веднаш по потпишувањето на договорот со кој Далас се пофали на своите социјални мрежи.
ФОТО: Dallas Mavericks Twitter