Македонската јуниорска ракометна репрезентација со пораз го почне ЕХФ Б-шампионатот во Скопје. Избраниците на Кире Лазаров потклекнаа уште на стартот во пресметката со Грција.
По мечот, Лазаров даде своја оценка за средбата:
„Очекував тежок натпревар, но не очекував да загубиме. Сепак, така е кога играте добро на подготовки, па ќе загубите на официјален меч. Ми се случувало ова и како играч, а сега и како тренер. Добро во лошото е што со победа со еден гол разлика против Полска ќе се пласираме во полуфинале. Тоа ни дава право да се надеваме дека можеме понатаму, па дури и да се обидеме да го освоиме шампионатот“, вели Лазаров.