Серхио Рамос ќе го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на коленото, а отсуството од теренот може да трае меѓу еден и два месеци, пренесуваат француските медиуми.
Рамос летово го напушти Реал Мадрид по 16 години и му се придружи на вицешампионот на Франција, но очигледно е дека годините и повредите од минатата сезона оставија трага кај шпанскиот дефанзивец.
Искусниот стопер се уште не играл за ПСЖ на официјален натпревар, за разлика од другите дебитанти.