Абрахам стана „вишок“ во Челзи, неговата следна дестинација е Рома!

337

Според информациите на „Скај Италија“ Рома преговара со Челзи за ангажман на младиот напаѓач Тами Абрахам. По доаѓањето на Ромелу Лукаку на „Стемфорд Бриџ“, младиот напаѓач ќе има се помалку шанса за игра што значи дека подобро да ја смени средината и да се развива отколку да ги брои натпреварите на прсти.

Според изданието Рома се согласила да го купи Абрахам и тоа за сума од 40 милиони евра колку што бара Челзи. Други извори одат и подетално, Рома веднаш да плати 5 милиони евра, а останатите 35 милиони да ги исплати подоцна во зависност од висината на договорот на играчот.

„Сините“ го вклучија Абрахам во составот за дуелот од Суперкупот на Европа против Виљареал што ќе се игра утре, а потоа ќе се донесе одлука дали дефинитивно младиот играч ќе оди на „Олимпико“ или ќе остане.

Абрахам е дете на Челзи, а три сезони ги помина на позајмица, прво во Бристол, Свонси, а имаше фантастична сезона во Астон Вила (2018/19) по што изминатите две сезони беше вклучен во првиот тим на Челзи и имаше солидни настапи.

ПретходноКадетките славеа убедлива победа над Малта
СледноМеси е во Париз: Следува потписот на векот!