Турскиот второлигаш Бурсаспор испрати официјална понуда за ангажман на Адис Јаховиќ.
Понудата до Гезтепе е испратена, и сега турскиот тим треба да се изјасни, со оглед дека голгетерот има уште една година од договорот.
Јаховиќ во минатото играше за Коњаспор, Анталијаспор и Малатијаспор. Има постигнато 112 голови во своите 270 натпревари во кариерата.
Пред неколку дена новиот селектор Благоја Милевски најави дека можно е да има место за Јаховиќ во националниот тим, со оглед дека разговарал со него, и тој изразил желба за „кам-бек“.