Ракометарот на Вардар, Анте Гаџа пред утрешната пресметка во Суперкупот против Еурофарм Пелистер, ги истакна своите очекувања и го најави мечот. Тој смета дека најголем проболем е невоиграноста на екипата, но се надева дека тоа ќе биде „сокриена“ со една добра и максимално ангажирана игра.
„Пред нас е првиот официјален натпревар, веднаш се игра за трофеј, ние сме Вардар и сакаме да победиме. Знаеме дека е рано, дека имаме нови играчи и Грубиндо ни фали и тоа ќе се почувствува, но мора да се види ангажман, труд, волја и мислам дека тие недостатоци во воиграноста ќе ги сокриеме и ќе славиме. Тешко е, немаше многу време да се воиграме, имаме нови ракометари и други јазици, пробуваме, се воигурваме, но ќе дадеме се од себе, со многу волја труд, и се надевам дека како одминува времето ќе бидеме повоиграни за следните предизвици“, рече Гаџа.