По освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски се најде на шестото место на светската таеквондо листа. Дејан го освои медалот во категоријата над 80 килограми, а на листата се најде на 6. место со 150,54 поени.
На чело е Русинот Владислав Ларин, инаку олимписки шампион со 352,74 поени, а второто место е Кореецот Дон Ин-Кјо кој на Игрите во Токио беше поразен од Георгиевски.