Готово е, Меси во ПСЖ: Аргентинецот пристигна на „Ел Прат“ за да полета кон Париз

496

Лионел Меси е нов играч на ПСЖ. Договор има, сега се очекува само Меси од Барселона попладнево да полета кон Париз, да го стави потписот на договорот, и можеби уште денеска ќе биде промовиран како нов играч на Парижаните. А, тоа ќе го стои во скоро време, затоа што Аргентинецот веќе е на аеродромот во Барселона каде чека да летна за главниот француски град.

Со тоа тимот од Париз го комплетира „дрим-тимот“ со кој идната сезона ќе го напаѓа трофејот во Лигата на шампионите.

Како гром од ведро небо излезе информацијата дека Меси не може да продолжи со Барселона, и дека ќе мора да си бара нов клуб. Утрово имаше информација дека, сепак, би можел да остане, но јасно е дека тоа нема да се случи.

Меси ќе биде нов играч на ПСЖ и тоа ќе се случи во следните часови.

ПретходноМеталург совладан и вториот тим на Е. Пелистер
СледноГаџа: Воиграноста ни е проблем, но ќе дадеме се од себе за првиот трофеј