Македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ, околу кого се крена многу прашина деновиве, денеска пристигна во Валенсија каде треба да ја почне својата нова клупска етапа од кариерата.
Во изјава за шпанските медиуми вели дека му е чест што ќе настапува за овој тим.
„Валенсија е победнички тим. Минатата сезона се бореа за големи трофеи и оваа сезона нема да биде ништо различно. Среќен сум што сум тука“, вели Димитријевиќ, кој сезоната ја заврши како дел од екипата на Хувентуд.
🛬 LAS LLEGADAS NO PARAN
👋 ¡BIENVENIDO, NENO!
🎙 @Neno_D7
Cas 👉🏻 “Llego con muchas ganas, es un reto muy ilusionante”https://t.co/lMFLxyJtYj
Val 👉🏻 https://t.co/1wjni54Col
Eng 👉🏻 https://t.co/RCBxMwrUV0#EActíVate pic.twitter.com/Q94sRlFtPL
— Valencia Basket Club (@valenciabasket) August 10, 2021