Елмас е на проба во белгиски Генк (ФОТО)

3598

Македонскиот младински репрезентативец Мухамед Елмас е во Белгија каде се обидува да избори договор со локалниот клуб Генк. Фудбалерот кој даде гол во едната победа на Македонија од двата пријателски мечеви со Романија, отиде во тренинг кампот на Генк и тренира под будното око на тренерите на четирикратниот белгиски шампион. Aко успее да ги воодушеви ќе продолжи во овој клуб.

Мухамед Елмас е „производ“ на фудбалската школа Форца, а беше член и на Работнички. Инаку тој е роден во 2006 година во Скопје и е близок роднина на Елиф Елмас. Игра како офанзивен играч за врска.

 

ПретходноГеоргиевски на 6. место на светската Таеквондо листа
СледноПСЖ објави – Меси е наш!