Интер остана и без другиот Белгиец

404

ФОТО: Twitter

Продолжува распаѓањето на шампионскиот тим на Интер. „Нероаѕурите“ го напушти Антонио Конте и тоа веднаш по освојувањето на титулата, потоа следуваа заминувања на уште неколку играчи. Ашраф Хакими отиде во ПСЖ, Антонио Кандрева во Сампдорија, Политано во Наполи, Лукаку во Челзи, Јанг отиде во Астон Вила, Жоао Марио во Бенфика, а денеска клубот објави дека го раскинува договорот со Раџа Наинголан кој го носеше дресот на миланскиот клуб во претходните три години.

Белгиецот имаше договор со Интер до наредното лето и клубот можеше да заработи на негов трансфер, меѓутоа одлучено е взаемно да се раскине договорот. Инаку тој во претходните две сезони ги помина на позајмица во Каљари, а овој клуб сакаше да го задржи играчот но не се договори со Интер.

Инаку Најнголан може да ја продолжи кариерата во Бешикташ кој му нуди двегодишен договор.

ПретходноОфицијално: Маронг од Ц. Звезда во нападот на А. Пандев!
СледноОва е триото со кое ПСЖ ќе ја покори фудбалска Европа!