Лазаров: Во лошото, добро е што победа над Полска не носи во полуфинале

1593

Македонската јуниорска ракометна репрезентација со пораз го почне ЕХФ Б-шампионатот во Скопје. Избраниците на Кире Лазаров потклекнаа уште на стартот во пресметката со Грција.

По мечот, Лазаров даде своја оценка за средбата:

„Очекував тежок натпревар, но не очекував да загубиме. Сепак, така е кога играте добро на подготовки, па ќе загубите на официјален меч. Ми се случувало ова и како играч, а сега и како тренер. Добро во лошото е што со победа со еден гол разлика против Полска ќе се пласираме во полуфинале. Тоа ни дава право да се надеваме дека можеме понатаму, па дури и да се обидеме да го освоиме шампионатот“, вели Лазаров.

ПретходноМеси позираше со дрес на ПСЖ, но кој број ќе го одбере 19 или 30? (ФОТО)
СледноЛШ: Адеми и Ристовски во плеј-оф, Динамо славеше во Варшава (ВИДЕО)