ЛШ: Адеми и Ристовски во плеј-оф, Динамо славеше во Варшава (ВИДЕО)

670

По ремито во Загреб (1:1), фудбалерите на Динамо (З) на нашите Ристовски и Адеми славеше со 1:0 на гостувањето во Варшава против легија и успеа да се пласира во плеј-оф натпреварите од Лигата на шампионите.

Единствениот гол за радост на „модрите“ беше дело на Фрањиќ во 20. минута на мечот. Целата натамошна доминација на Легија остана без резултат, затоа што ниту еден од 6-те директни удари кон гостинскиот гол не донесоа израмнување.

 

Неверојатен „кикс“ на домашен терен вечерва направи Глазгов Ренџерс, кој на мечот со Малме имаше водство од 1:0, а имаше и играч повеќе од финишот на првото полувреме, но им дозволи на гостите од Шведска и со 10 на теренот да постигнат два гола во второто полувреме, да направат целосен пресврт и да се пласираат во плеј-офот од ЛШ.

Лудогорец успеа да го елиминира Олимпијакос во оваа фаза, откако по нерешените 2:2 во 90-те минути и по продолженијата, Бугарите беа подобри „пеналџии“ и обезбедија пласман во последната рунда до групната фаза на ЛШ.

ПретходноЛазаров: Во лошото, добро е што победа над Полска не носи во полуфинале
СледноСаутемптон во голгетер од Блекбурн најде замена за Дени Ингс