ЛШ: Ц. Звезда поразена во Молдавија испадна од Лигата на шампиони (ВИДЕО)

510

Иако во двомечот влегоа како големи фаворити, фудбалерите на Црвена Звезда не успеаја да го минат 3. квалификациско коло од Лиграта на шампиони. На гостувањето кај Шериф Тираспол во Молдавија, белградските „црвено-бели“ загубија со 1:0, што по првите 1:1 во Белград на Молдавците им обезбедија место во последната квалификациска рунда до групната фаза на ЛШ.

Домашните имаа две одлични шанси во првите 30 минути на мечот, но не успеаја да го отворат резултатот. Обидите да ги притиснат белграѓани, дадоа резулат дури во дополнителното време од првото полувреме, кога Арболеда успеа да го погоди голот на гостите и да му донесе водство на Шериф со 1:0.

 

Црвена Звезда како што и се очекуваше притисна во вториот дел, но ниту една шанса не успеа да заврши со гол. Молдавците издржаа во желбите за победа и на крајот го потврдија своето место во плеј-оф фазата на Лигата на шампионите

Таму место има и за екипата на Ференцварош, која иако загуби на гостувањето во прага од Славија со 1:0, поради победата дома од 2:0 обезбеди место во плеј-офот.

 

ПретходноМеси не им е доволен: ПСЖ во “лов“ и на мега – талентот Камавинга!
СледноДимитријевиќ пристигна во Валенсија: Ова е победнички тим!