ЛШ: Џерард против Томасон за евро-опстанок, Динамо З. мора да победи во Варшава

250

Вечерва се играат реванш натпреварите од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, а на програмата се сите 10 натпревари со оглед на тоа дека утре се игра Суперкупот на Европа па нема да има мечеви од елитното европско натпреварување.

Ренџерс направи чекор напред во домашното првенство со тоа што после долго време ја освои шампионската титула, па излезе во Лигата на шампионите, а негова препрека е шведскиот првак Малме. „Полицајците“ беа поразени на првиот меч со 2:1, што значи дека сега на својот „Ајброкс“ мора да бараат победа и ништо друго.

На првиот меч стратегот на Малме, Јан Дал Томасон го надмудри својот колега од другиот табор Стивен Џерард. Малме во еден момент водеше и со 2:0, а во финишот шкотланѓаните дадоа гол и го ублажија поразот.

Ренџерс се фаворити на овој меч. Ние имавме 2:0 на првиот меч, а да победевме со тој резултат ќе беше прекрасно. Вака ќе мораме да најдеме сила да издржиме на ова гостување. Ренџерс имаат одличен тим и одличен менаџер и по долго време се вратија таму каде што припаѓаат. Ќе дадат се од себе за да поминат понатаму. Но и ние мораме да бидеме спремни на секакво сценарио. Мораме да се охрабриме и да удриме“, вели Томасон, некогашниот дански репрезентативец и член на Милан, Штутгарт, Феенорд…

Ренџерс во саботата со поразот од Хибернијанс ја прекина серијата од 40 натпревари без пораз во шкотската Премиер лига. Џерард ги чуваше своите ѕвезди од повреди и ја  фрли картата на овој меч затоа што знае дека ако се испадне сега тоа ќе биде сериозен удар за клубот кој долго чека да се врати во групната фаза на ЛШ.

Мораме да одиграме добро и да го потпалиме огнот на Ајброкс. Навивачите се гладни за успех, долго чекаат на тоа, ние мораме да им приредиме добар натпревар“, вели Џерард.

Ренџерс ќе има помош и од Јанис Хаџи кој се врати по повредата како и Леон Балоган кој поради суспензија не играше на првиот меч. Напаѓачот Алфредо Морелос исто така се враќа откако беше недостапен за првиот натпревар.

Да потсетиме победникот од овој меч ќе оди на подобриот од дуелот Олимпијакос-Лудогорец во плеј-офот (1:1 по првиот меч).

Звезда по оние 1:1 против Шериф во Белград, сега ќе мора да победи во Молдавија. Шериф беше во подредена улога на „Рајко Митиќ“ но успеа да стигне до реми кое им дава надеж дека можат да го елиминираат српскиот шампион.

Истото мора да го направи и Динамо Загреб но во Варшава. Легија извлече 1:1 на „Максимир“ со што го фрли притисокот врз „модрите“ за кои настапуваат Адеми и Ристовски.

ДЕНЕСКА ВО 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО НА ЛШ

ШЕРИФ – Ц.ЗВЕЗДА        19:00 ч.
Прв меч: 1:1
СЛАВИЈА ПРАГА – ФЕРЕНЦВАРОШ         19:00 ч.
Прв меч: 0:2
ШАХТЈОР – ГЕНК              19:30 ч.
Прв меч: 2:1
ЛУДОГОРЕЦ – ОЛИМПИЈАКОС 20:00 ч.
Прв меч: 1:1
МИТЈИЛАНД – ПСВ         20:00 ч.
Прв меч: 0:3
МОНАКО – СПАРТА ПРАГА         20:00 ч.
Прв меч: 2:0
ЈАНГ БОЈС – КЛУЖ           20:30 ч.
Прв меч: 1:1
БЕНФИКА – СПАРТАК МОСКВА 21:00 ч.
Прв меч: 2:0
ЛЕГИЈА – ДИНАМО ЗАГРЕБ         21:00 ч.
Прв меч: 1:1
РЕНЏЕРС – МАЛМЕ         21:00 ч.
Прв меч: 1:2

ПретходноГаџа: Воиграноста ни е проблем, но ќе дадеме се од себе за првиот трофеј
СледноШкендија и Зејнулаи „раскинаа“, младиот играч сака повеќе простор за игра