Газдите на ПСЖ очигледно дека не знаат за доста. Лео Меси е нивни, го направија трансферот на векот, но немаат намера да запрат со потписот на генијалецот од Аргентина.
Имено што известуваат медиумите во Франција, пребогатите шеици сега го посакуваат и мега – талентот на Ренс, Едуардо Камавинга (18). Младиот играч за врска, кој има настапи за А селекцијата на Франција, е трансферна цел на речиси сите големи клубови во Европа.
Сепак ПСЖ за него нуди нешто повеќе од 50 милиони евра и е на добар пат да добие еден од најдобрите нлади фудбалери на Стариот континент.
Па, добро каков ли тим ќе има Маурицио Покетино за следната сезона?
ФОТО: Eduardo Camavinga Twitter