Ништо од ПСЖ? Меси доби понуда од уште еден гигант, можно е да остане и во Барса?

4259

Спануцата на еден од најдобрите фудбалери продолжува, сега во игра се три клуба.

Помалку неверојатни вести доаѓаат за иднината на Лионел Меси. Според „Дајли Стар“, Аргентинецот на маса има понуда од Манчестер Јунајтед, па сега под голем знак прашалник е неговото доаѓање во ПСЖ.

Францускиот тим ја откупи Ајфеловата кула за промоција на еден од најдобрите фудбалери во светот, иако договорот 90% е комплетиран, сепак има промени.

Јунајтед е подготвен да му понуди 50 милиони евра, сума која исто така е неверојатна за овој клуб.

Оваа вест предизвика бројни коментари, но според последните случувања, сепак Меси е поблиску до Париз, откаколку до Манчестер.

БАРСА МУ НУДИ НОВ ДОГОВОР НА МЕСИ

Утринава навивачите пак на Барселона се израдуваа. Постои опција Меси да остане во редовите на каталонскиот гигант, што исто така е доста чудно по онаа прес-конференција која тој ја одржа.

Раководството на Барселона во 2 часот наутро му се јавило на Меси за да му понуди нов договор. Генералниот извршен директор, Феран Ревертер е човекот кој се обидува Аргентинецот да остане на Камп Ноу.

ПретходноДалас го врза Дончиќ со 207 милиони долари за историја
СледноЃоковиќ донесе важна одлука